Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

125 сообраќајни прекршоци во Скопје, 29 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се три мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Нова трагедија на охридското крајбрежје – пронајдено тело на починат скопјанец

ДЕСК

Африм Гаши излезе од болница

C +

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Шукова ниту имаат план ниту знаат како да го подобрат животот на скопјани

C +