22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

НЕМА ВЕЌЕ ДИЛЕМА: Психолозите открија кој повеќе ги нервира жените – сопругот или децата?

Една другарка се пожали дека не може да излезе на крај со децата. Немирни се, не се трудат на училиште, не сакаат да јадат зеленчук и слично.

Друга другарка се пожали дека нејзиниот сопруг неверојатно и оди на нерви. Нема време за неа, не можат да се договорат за ништо, заборава на работите…

Ваквите и слични ситуации веројатно ги поттикнале истражувачите да спроведат студии за да утврдат што предизвикува поголем стрес кај жените, мажите или децата.

Резултатите покажале дека дури 46 отсто од жените, кои се во брак и имаат деца, го гледаат својот партнер како еден од главните извори на стрес. Најиритирачки и најстресни ситуации биле оние во кои мажот не успева да ги извршува сите обврски низ куќата.

Логично и разбирливо е ако се земе предвид фактот дека 75% од жените изјавиле дека тие се оние кои ги извршуваат највисоките должности во однос на децата и семејството.

Според научниците од Универзитетот во Падова, оваа форма на стрес ќе игра голема улога во подоцнежниот живот. Сметаат дека тоа ќе има големо влијание врз бракот, но и врз здравјето на жените во подоцнежна возраст.

Една студија дури покажа дека животот на мажот губи на квалитетот по смртта на неговата сопруга. Од друга страна, жените во истата ситуација стануваат поотпорни на стрес, а нивното здравје се подобрува.

Научниците не беа во можност точно да утврдат зошто е тоа така. Се претпоставува дека важен фактор е тоа што жените се потпираат на своите сопрузи во многу помала мера отколку што мажите се потпираат на своите сопруги.

Можеби ќе ве интересира

Мажите родени во овие три хороскопски знаци не сакаат брак

M T

Мажите кои имаат ЛУЗНА се најпривлечни за жените, а една работа е пресудна

M T

Пет причини зошто жените избираат доминантни мажи: ЧЕТВРТАТА може да биде КЛУЧНА

M T

Можеме ли да избегаме од стресот: Еве како тој влијае на вашето тело

M T

4 хороскопски знаци кои се најпопустливи родители: Тие ја играат улогата на „добриот полицаец“

M T

Мистеријата конечно е решена: Еве зошто на жените често им е поладно отколку на мажите

M T