Русија се подготвува да воведе визи за граѓаните на земјите кои се окарактеризирани како „непријателски“. Ова го соопшти министерот за надворешни работи на таа земја Сергеј Лавров.
– Се подготвува декрет за одмазднички мерки од визен карактер, со кој ќе се ограничи влезот во Русија на граѓаните на „непријателските земји“.
Инаку, руската влада претходно го одобри списокот на држави и територии кои вршат непријателски дејствија против Русија, нејзините граѓани и компании, пренесува Тасс.
Освен Црна Гора, на листата се и САД, Канада, земјите од ЕУ, Велика Британија, Украина, Швајцарија, Албанија, Андора, Исланд, Лихтенштајн, Монако, Норвешка, Сан Марино, Северна Македонија, како и Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Микронезија, Нов Зеланд, Сингапур и Тајван.
Сепак нејасно е за Македонија, бидејќи Македонците ионака мораа да вадат визи за да одат во Москва.