Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.03.2022 година.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,805 денар/килограм и сега ќе изнесува 52,354 ден/кг.
Од 22.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 52,354 (денари/килограм)