Христијан Мицкоски се откажа од долго најавуваните протести уште од почетокот на годината, со што призна дека нема поддршка за граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека катастрофалната работа на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е сигурно една од причините. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување, најслаби градоначалници во историјата, за неколку месеци не сработија буквално ништо. Немаат ниту еден реализиран проект а парите на граѓаните расипнички ги трошат само за луксузирање и партиски вработувања.
Мицкоски не собра храброст да ги повика градоначалниците од неговата партија да се фатат за работа и да престанат да аздисуваат со парите на граѓаните среде криза.
Дополнително, по признанијата и пресудите во предметот Титаник, со коишто беше потврден целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски пропушти шанса да им се извини на граѓаните, да се огради и да поднесе оставка.
Очигледно Мицкоски ниту самиот не знае кај тера, се вели во соопштението.