24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Лукаревска: Трговците да не се обидуваат да го изигруваат системот, ќе има редовни контроли

“Алармиравме и претходно дека ќе одиме на терен. Имаше доволно време да се адаптираат фискалните сметки за да не се прави злоупотреба на грбот на граѓаните. Веројатно сметале дека може да го изиграат законот, меѓутоа не е така… Како и целиот свет и нашата држава е исправена пред голем економски предизвик. Сите да бидеме солидарни, се со цел да се надмине оваа состојба. Да дадеме се од себе да го зачуваме стандардот на граѓаните и домашната економија” изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска на прес-комференција.

Таа ги повика граѓаните да пријавуваат доколку забележат дека на фискалните сметки кои им се издадени е наплатен и ДДВ за основните производи.

Лукаревска истакна дела во контролите биле опфатени даночни обврзници кои вршат дејност трговија на мало со храна и пијалаци, со месо и производи од месо, со моторни горива, кои дејноста ја вршат преку повеќе деловни единици со поголема продажна површина и остваруват промет во поголем износ.

“Инспекторите согласно направените контроли најмногу неправилности утврдија кај обврзници од Тетово, Струга, Скопје, Прилеп и Охрид. утврдени се неприлагодени фискални апарати кај трговци на млао со храна и пијалоци, со јајца, со месо и производи од месо во специјализирани продавници. Од 31 контролиран продажен објект во Тетово, кај 15 биле утврдени неправилности и тоа неиздавање и неусогласени фискални сметки. Од 28 контролирани објекти во Струга, кај 12 биле откриени неусогласени фискални сметки. Од 136 исконтролирани продажни објекти во Скопје, само кај 13 е откриена неправилност. Во Прилеп и Охрид од направени 32 контроли, кај 12 биле откриени неправилности. Во Битола од исконтролирани 55 објекти, само 10 имале неправилности во работењето” изјави Лукаревска.