23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Дизелот ближи стотка и повторно поскапува – овој пат за 3 денари, за прв пат е 97 денари за литар

Регулаторната комисија донесе одлука за ново поскапување на нафтените деривати.

Според новата одлука на РКЕ цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 останува непроменета и изнесува 93, 00 денари за литар, како и на ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 95,00 денари за литар. Дизелот од полноќ поскапува за уште 3 денари и ќе чини 97 денари за литар, за разлика од вчерашните 94 денари.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 93,00 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 95,00 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 97,00 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 92,50 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 60,569 (денари/килограм).