Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

СДСМ: Арсовска ги потврди диловите на Мицкоски за автобуси, дали БРТ проектот во Скопје затоа е стопиран?

Соопштение на СДСМ:

Градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, денеска, на интервју за една наша национална телевизија, ги потврди диловите кои Христијан Мицкоски јавно ги соопшти, за тендери за автобуси во Скопје.

Арсовска нема одговор кој го овластил и во кое својство Мицкоски, како претседател на политичка партија преговара за јавна набавка на локална самоуправа со парите на скопјани.

Граѓаните треба да знаат дали реализацијата на проектот БРТ за еколошкиот и ефикасен јавен транспорт во Скопје е стопиран од Арсовска заради диловите на Мицкоски?

Признанието на Арсовска отвора сериозни сомнежи за корупција и претставува уште една причина иснтитуциите да постапат и да го истражат овој случај.

Особено по денешното признание на Миле Јанакиевски за сторен криминал во еден сличен случај со набавка на кинески автобуси тежок 5 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

СТИГНУВА СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА – Дожд, силен ветер и снег на планините, температурите нагло ќе се намалат

ДЕСК

ВЕЧЕРВА СПРОТИ АРАНЃЕЛОВДЕН – Кои обичаи се негуваат во домовите и што се прави утре на големиот празник?

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, небесниот заштитник и предводник на ангелите

ДЕСК