7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за охриѓанка поради измама

Полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Кисела Вода при СВР Скопје ја лишија од слобода В.М.(35) од Охрид затоа што на 02.03.2022 во 18.54 часот Е.О.(24) од Скопје пријавила дека во 17.32 часот пријавената поднела електронска апликација за кредит во финансиско друштво од Скопје на подрачје на Кисела Вода, а подоцна направила обид за подигање на пари со туѓа лична карта на починато лице, со што сторила кривично дело „Измама при добивање кредит или друга погодност“ казниво по член 249 од Кривичниот законик.

Лицето е задржано во Полициска станица Кисела Вода и по извршениот разговор, В.М. го признала делото. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи

ДЕСК

Поведена истрага во Виница за тешка телесна повреда на едно лице

ДЕСК