Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Сцена како од акциски филм – Објавена снимка од пукањето во Куманово

Како сцена од акциски филм изгледа пукањето во Куманово, во кое беше повреден лекар, инаку и носител на листа од редовите на ДУИ во Липково.

Видеото кое го објави ТВ21 може да го погледнете со клик тука.

Во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од улица Димитрије Туцовиќ со улица 11 Октомври во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило ‘фолксваген голф’, управувано од З. Ш. (43) од с. Слупчане, Општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош. Полициски службеници излегоа на местото и се работи на расчистување на случајот.

Инаку остри реакции пристигнаа од сите страни. Реагираа и ДУИ и СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Хуманитарната дипломатија – стратешка алатка за посилно општество и иднината на Црвениот крст

ДЕСК

Левица: Во воени зони има постабилно снабдување со струја отколку во Македонија – студентите повторно во мрак, снема струја на факултетите при УКИМ и Студентскиот дом „Стив Наумов“

ДЕСК

Левица: Недостатоци од лекови и колапс во јавното здравство – пациентите трпат додека Клековски тендерира

ДЕСК