8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Живковиќ: Со субвенции на платите се спречува сивата економија

„Сивата економија е проблем не само во нашата држава, туку и во земјите од ЕУ. Оваа ситуација ја решаваме системски, каде што една од мерките е субвенционирање на растот на платите. Со оваа мерка се субвенционираат придонесите за растот на платата до 6000 денари“ кажа советникот за труд и социјална политика на претседателот на Владата, Милан Живковиќ во емисијата „Економски магазин“ на АлсатМ.

Тој додаде дека со оваа мерка нема потреба од плата во плик и договори на страна, што на крај е долгорочно добро з аработниците.

„Се работи за менување на културата и размислувањето. Ги едуцираме работодавачите да не излегуваат од законот, туку дикретно да преговараат за повисоки плати“ кажа Живковиќ.

Тој додаде дека и самите работодавачи се за засилена борба против сивата економија, бидејќи на тој начин се сузбива нелојалната конкуренција на тие што го забоколуваат законот.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: На Долнени му треба Синани, градоначалник кој ќе обединува и ќе решава проблеми

ДЕСК

Куферот пред штабот на ВМРО ДПМНЕ бил празен

ДЕСК

Ацевски: Ревизија на сите ДУП-ови во Ѓорче и забрана за градење на висококатници!

ДЕСК