8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Пецаков да не глуми жртва и да не врши притисок врз институциите

Скандалозно и неодговорно е однесувањето на градоначалникот на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, обвинуваат од СДСМ.

„ Откако беше фатен како ги крши протоколите за заштита од коронавирусот и ги загрозувајавното зздравје, Пецаков почна да глуми жртва иако факт е дека наместо да биде во изолација додека чекал резултати за Ковид 19, спротивно на протоколите, тој беше помеѓу граѓаните на одбележувањето на празникот Водици“ велат од владејачката партија.

Оттаму порачуваат Пецаков да престанел да врши притисок врз институциите, како што претходно правел неговиот шеф Христијан Мицкоски и да преземе одговорност за своите постапки.

Секој поединец, кој свесно крши протоколи и го загрозува јавното здравје мора да одговара без разлика каква функција врши, додаваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.