7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Додека ВМРО-ДПМНЕ напразно критикува, Владата предводена од СДСМ ја решава енергетската криза и го штити стандардот на граѓаните

Реакција од СДСМ на соопштението од ВМРО ДПМНЕ:

Додека ВМРО-ДПМНЕ напразно критикува а градоначалниците од нејзините редови ги игнорираат проблемите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ ги решава предизвиците со енергетската криза и го штити стандардот на граѓаните.

Со навремени и ефикасни мерки ангажирани се сите домашни капацитети за производство на електрична енергија, АД ЕСМ од утре го презема управувањето со БЕГ и топланата Скопје Север со што се надминува кризата со топлинска енергија.

Околу 7.500 семејства ќе добијат субвенции за сметките за електрична енергија, а ќе следуваат дополнителни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и помош за стопанството.

Огромна е разликата помеѓу одговорното управување на СДСМ со институциите и деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.