Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груби – Абдрахманов: Македонија е пример за почитување на правата на заедниците

Првиот вицепремиер на Владата и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби се сретна со високиот комесар на ОБСЕ одговорен за малцинските прашања, амбасадорот Каират Абдрахманов.

На оваа средба Груби и Абдрахманов разговараа за човековите права и слободи за кои Македонија може да се земе како пример не само во регионот, туку и пошироко.

Груби му рече на комесарот Абдрахманов дека Македонија го имплементирала Охридскиот договор, од кој имаат произлезено правата и слободите за сите не мнозински етнички заедници во земјата. Покрај Охридскиот договор, Груби и Абдрахманов разговараа и за Преспанскиот Договор и Договорот за добрососедство со Република Бугарија.

Груби предложи формирање на Институт за спречување конфликти во склоп на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во тесна соработка со Канцеларијата на ОБСЕ за промовирање на позитивните практики од Охридскиот Рамковен Договор, во кој случај комесарот Абдрахманов со ентузијазам ја прифати оваа иницијатива за соработка.

На комесарот Абдрахманов, првиот вицепремиер Груби му ги истакна и приоритетите на Владата, а тоа се активностите што Македонија треба да ги преземе сега пред почетокот на преговорите за членство во Европската Унија.

Груби и Абдрахманов разговараа и за улогата на ОБСЕ во сите демократски процеси, но и за предизвиците и предностите што ќе ги има Македонија за време на претседавањето со ОБСЕ.

Како што велат од кабинетот на Груби, претседавањето со ОБСЕ за Македонија претставува трансформациски процес бидејќи со овој чекор ние стануваме придонесувачи на политиките ширум светот.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕСВРТОТ КОЈ СИТЕ ГО ОЧЕКУВАМЕ ДОАЃА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ДО 10 СТЕПЕНИ – Метеоцентар за дождовите и грмежите и доаѓањето на посвежо време, детална прогноза

ДЕСК

Демант: Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, станува збор за вежба на МВР

ДЕСК

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК