Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Судир на „Маршал Тито“: мотоциклист во болница, возачот на автомобилот избегал од местото!

На 25.11.2025 во 22:30 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека на улица Маршал Тито во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 25-годишен маж од Кичево, и мопед со кичевски регистарски ознаки, управуван од 13-годишен малолетник од Кичево.

По несреќата, возачот на автомобилот со возилото го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници тој бил пронајден и со него бил извршен службен разговор.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК