23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спој на повеќе генерации партиски членови и нови лица – како ќе изгледа новиот СДСМ

Вечерва на седница на Централниот одбор се очекуваат финалните одлуки за тоа како ќе изгледа новото раководство на партијата.

Од она што веќе е познато во јавноста очигледно новиот претседател Димитар Ковачевски прави спој на повеќе генерации партиски членови и нови, но искусни лица.

Според нашите информации речиси половина од Извршниот одбор на СДСМ ќе биде подновен.

Како изгледа новиот СДСМ?
Разични профили на личности, нови лица, општествено познати, докажани во своата област, но и спој на повеќе генерации партиски членови.

Лидерот Ковачевски ги внесува Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн, се уште актуелен претседател на Асоцијацијата на архитекти и Леонид Наков, професор на Економскиот факултет во Извршниот обор на партијата.

Искусните генерации партиски членови и фузирањето на различните крила во партијата се гледа преку најавеното враќање на доктор Андреј Петров и Игор Ивановски универзитетски професор, но и преку назначувањето на партискиот „булдужер“ Миле Зечевиќ за генерален секретар на СДСМ.

На потпртседателските позиции исто така се очекуваат промени.

Вицепремирот Фатмир Битиќи, градоначалникот на Валадново Петар Костадинов, пратеничката од Битола Бисера Костадинова Стојчева како и и Стефан Богоев, поранешниот градоначалник на Карпош се споменуваат како најсигурни кандидати за потпретседатели на СДСМ.

На седницата на Централниот одбор се очекува Ковачевски да биде потврден како мандатар.

Социјалдемократите очекуваат промените во раководство на партијата да донесат нова енергија, свежина, реструктуирање и раздвижување во партијата.