Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Пожар во болница во Скопје – пациент си ја извадил маската со кислород и си запалил цигара

Пациент сместен во соба за кислородна поддршка на Клиниката за пулмологија во Скопје вчера вечер ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара, при што дошло до пожар поради проток на кислород во собата и тој се здобил со помали изгореници на лицето и градите, информира Министерството за здравство.

Во соопштението се посочува дека дежурниот медицински пероснал брзо реагирал и дотокот на кислород навреме бил исклучен, со што била спречена експлозија.

– Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а во болничката соба оштетен е мал дел од подот, се додава во соопштението

Можеби ќе ве интересира

НЕ ЗАСТАНАЛ НА ПОЛИЦИСКА НАРЕДБА, ПА УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ СО „МЕРЦЕДЕС“ – Кривична пријава против 53-годишен маж од Желино

ДЕСК

ДРАМА ВО АВТОБУС ВО СКОПЈЕ – 79-годишна жена паднала и се здобила со тешки телесни повреди

ДЕСК

НОЌНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ – Десет лица лишени од слобода на различни локации, меѓу нив и 16-годишник

ДЕСК