23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Отворено писмо до Директорот на МРТВ, Марјан Цветковски: Повлечете го срамниот Оглас за вработување на новинар во Бошњачката редакција и не ги навредувајте Бошњаците

Фејсбук статус на Зекир Рамчиловиќ:

Отворено писмо до Директорот на МРТВ, Марјан Цветковски!
Директоре на МРТВ повлечете го срамниот Оглас за вработување на новинар во Бошњачката редакција и не ги навредувајте Бошњаците.
Прво сменете ја веќе погрешната номинација на називот на босанскиот јазик како што тоа го направија сите институции по барање на Владата на Република Северна Македонија!
– Нашиот јазик е БОСАНСКИ!
Второ уште поважно:
– Срамно е и навредливо за вработување на новинар во бошњачка редакција за програма на босански јазик да барате вработување според годишниот план за 2021 на Македонец/ка без никаде во огласот да барате познавање на босанскиот јазик.
Како некој кој не го знае босанскиот јазик може да работи како Новинар во редкација на босански јазик!?
Ова вака не може, доколку не го поништите огласот ќе поднесам барање за преиспитување на истиот и претставка до повеќе институции: ДКСК, Наредниот правобранител, Комисијата за спречување на дискриминација, Хелсиншкиот комитет за човекови права и др.
ПРЕМНОГУ Е!!!
Жално е што поради Блокадите од опозицијата во Собранието ја злоупотребувате вашата позиција на штета на бошњачката заедница.
За јавноста:
Марјан Цветковски е директор на Македонската радио и телевизија од 2012, и останува на таа функција поради Актуелниот состав на Советот на АВМУ, изгласан од Парламентот во 2014 година, со мандат од пет години.
Како во претходниот собраниски состав така и сега пред новиот обид за избор на нов Програмски совет се испречува двотретинското мнозинство, кое 12-члената комисија го нема без поддршка на барем еден од петте пратеника од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Но, двотретинско мнозинство е неопходно и во комисијата и на пленарната седница што ние како парламентарно мнозинство го немаме и оваа ваква ситуација продолжува и понатаму!
Доц. Д-р Зеќир Рамчиловиќ, пратеник