23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Лукаревска: Економијата зајакнува, кај сите даноци имаме повисока наплата

„Во периодот јануари-октомври 2021 година имаме наплатено 73,3 милијарди денари даноци, износ што е за 2,3 проценти повисок согласно со планот, а за скоро 18,6 отсто повисок од истиот период минатата година. Скоро во сите даноци имаме повисока наплата во однос на 2020“ кажа директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

„Имаме повисока наплата за 6 проценти на данок на добивка, 9,7 проценти на данокот на личен доход и 24,7 проценти повисока наплата на Данокот на додадена вредност. Исто така, имаме вратено и 17,75 проценти повеќе поврат на ДДВ во споредба со 2020 година. Преку ДДВ што го собираме и враќаме, можеме да ги видиме вистинските текови на економијата“ кажа Лукаревска.

Таа додаде дека значителниот раст на наплата на ДДВ оваа година влева надеж, дека буџетот успешно ќе се полни преку даноците и следната 2022 година.

Лукаревска најави дека во соработка со Министерството за финансии и ММФ и Светска банка во наредниот период ќе започнат кампања за сузбивање на сивата економија.

„Само 2 отсто е процентот од наплатата на даноци каде што е потребна присилна наплата или има ненавремени плаќања, криење на даночни обврски и слично, 98 отсто даночните обврзници доброволно ги плаќаат своите даночни обврски“ кажа Лукаревска.