22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Димитров: Може ли земјите членки да поставуваат услови кои се косат со европските вредности

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска во Мадрид беше говорник на настанот „Идното проширување на ЕУ: изгледи и замки“.

Како што се наведува во соопштението за настанот, дискусијата се фокусирала на придобивките од проширувањето како од аспект на регионот, така и од аспект на Европската Унија и земјите членки.

Димитров истакнал дека процесот на проширување всушност е процес на комплетирање на Европа и заокружување на проектот за обезбедување траен мир и просперитет на континентот.

„Со проширувањето на ЕУ со земјите од регионот, картата на Европа нема да се прошири, ќе остане иста, симболично кажано – сегашната сива зона ќе стане сино-жолта. Затоа треба да зборуваме за комплетирање на обединувањето на Европа”.

Вицепремиерот посочил и дека евроинтегративниот процес на Северна Македонија е прашање преку кое се преиспитува внатрешната кохезија на ЕУ и вредностите на кои се темели, како и влијанието на ЕУ во регионот:

„Низ нашиот трнлив пат, ја усовршивме трпеливоста бидејќи причината за одложување на почетокот на пристапните преговори не беше неисполнувањето на копенхашките критериуми, туку билатерален спор. Вложивме огромен политички капитал на основа на ветувањето од ЕУ, меѓутоа кога ветувањето не е исполнето, довербата станува проблем и ЕУ го губи своето влијание во овој стратешки важен регион. Јасно е дека земјите членки имаат влијание во процесот на пристапување и да ги наметнат своите национални интереси, но дали тоа значи дека можат да поставуваат и услови кои се косат со европските вредности? Главната замка во процесот на пристапување е да стане заложник на билатерални прашања. Најдобар и единствен начин земјите да растат заедно, да станат помудри и позрели во политичка смисла е токму преку европскиот проект.”

Во дискусијата учествувале и шпанскиот претставник во Советот за општи работи на ЕУ (ГАК), Хуан Гонзалез Барба, претседавачот со ГАК, Гашпер Довжан, министерката за европски прашања на Србија, Јадранка Јоксимовиќ, како и високи претставници за надворешни и европски прашања од Албанија и Црна Гора.

Можеби ќе ве интересира

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

M T

СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, референдумот е поради негови лични и партиски цели и нема да успее

M T

Каевски: Референдумот на Мицкоски е против ЕУ, против македонски јазик, македонски идентитет и нема да успее

M T

Богоев: Нашата земја има план А, членство во НАТО и ЕУ, се друго е спротивно на државниот интерес

M T

Ковачевски за „Политика“: Развиен регион интегриран во ЕУ се наши стратешки приоритети

M T