7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски додели 81 стипендија на ученици за учебната 2021/2022 година

Со пораки за понатамошни успеси и достигнувања во областите на спортот, науката и културата, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги додели стипендиите на талентираните ученици од општинските основни училишта.

Герасимовски додели вкупно 81 стипендија во висина од 2500, односно 3000 денари, средства обезбедени од општинскиот буџет, кои учениците ќе ги користат до крајот на учебната 2021/2022 година.

„Талентот е доблест која треба да се поддржува. Ми претставува особено задоволство што како одговорна локална самоуправа, можеме на нашите најмлади сограѓани да им помогнеме во реализирањето на нивните цели и идеи. На стипендистите им посакувам успех, а овие стипендии нека бидат уште еден мотив плус и за сите други деца уште повеќе да учат, да се трудат и да работат, за во иднина со нивните дела и подвизи да бидат вистински претставници на Општина Центар“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Општина Центар секоја година распишува јавен повик за доделување на стипендии за талентирани ученици од основните училишта во областите на спортот, науката и културата, врз претходно утврдени критериуми кои учениците треба да ги исполнат.

Оваа година се доделени 29 стипендии од областа на културата, 25 од науката и 27 од областа на спортот.

Минатата недела, градоначалникот Герасимовски додели 8 стипендии на деца од семејства со висок социјален ризик, по едно дете од секое општинско основно училиште. Вкупно 89 ученици од основните училишта ќе користат стипендии од Општина Центар за оваа учебна 2021/2022 година.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Ветеното кон пензионерите целосно исполнето, отворени сите три пензионерски клубови

M T

Герасимовски: Жителите на Крњево и Кале добиваат нов пензионерски клуб

M T

Ковачевски: Среќен почеток на новата учебна година

M T

Шаќири: Наша мисија е да обезбедиме еднакви услови за сите ученици

M T

Шаќири: Приоритет е враќањето на учениците на настава, покачување на платите ќе има

M T

Извршени контроли на 148 возила кои вршат јавен превоз на ученици, констатирани 70 прекршоци

M T