Соопштение на СДСМ – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ:
Христијан Мицкоски најдобро е да не драматизира и промашени проекти од нивното владеење да ги препишува како неуспех на оваа Влада.
Очигледно Мицкоски не ги познава добро институциите, нека го праша својот ментор Никола Груевски која е разликата помеѓу Европската банка и Банката на Советот на Европа.
Мицкоски исто нека го праша неговиот ментор Груевски, зошто во негово време се потпишани два катастрофални догвори? Еден за изградба на Клинички центар со компанија од Италија пред стечај, кој оваа Влада го раскина, а другиот за КБ Штип, веќе започнат со нецелосен проект, каде недостасуваа цели сегменти на електрика и механизација. Банката во неколку наврати одобруваше ревизја на проектот но изградбата запре поради несогласувањето во рамките на изведувачот и подизведувачот во времето на Никола Груевски.
Затоа, после целосно средување на проектот продолжуваме со нов финансиски извор.
Поради таквите проекти кои ни ги остави ВМРО ДПМНЕ сега се повлекуваат и инвеститорите. Несоодветни проекти и изведби се печат на ВМРО ДПМНЕ.