Како што има и други средби со пратеници, така и утре ќе се одржи средба на претседателот на партијата Зоран Заев со Африм Гаши, на која ќе се зборува за стабилизација на државата и новото мнозинство, кажа координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески. Тој додаде дека не очекува утре брзо да има завршница.
-Преговорите ќе продолжат и во наредниот период, а за тоа какви места ќе бидат понудени Централниот одбор го овласти Заев да преговора, а потоа преку органите на партијата ќе разгледуваме што е финално, кажа Митрески.
Тој потврди дека во моментов ситуацијата во Собранието не е 60-60.
-Имаме мнозинство во Собранието, заедно со пратеникот Кастриот Реџепи кој рече дека останува во мнозинство, а имаме поддршка и од пратеници од кои и во минатиот период сме имале поддршка. Имаме мнозинство од 61 пратеник и во овој момент, заклучи Митрески.