6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКЗДРАВЈЕИЗБОР

4 причини да јадете пуканки секој ден: Здрава ужина која го намалува стресот

Кога велиме пуканки, нашата прва асоцијација е гледање филм во кино или на некој удобен кауч во домашна атмосфера. Оваа закуска е една од омилените во овие прилики, а малку е познато дека не само што е вкусна, туку и добра за нашето здравје.

Имено, пуканките се една од исклучително здравата храна која може да помогне во регулирањето на варењето, да ги намали проблемите со ПМС, благотворно да делува на можноста за зачнување, но и да го намали нивото на стрес.

Сето ова се причини зошто е препорачливо да се консумираат пуканки секој ден, но сепак внимавајте кои пуканки ќе ги купите и како ги подготвувате.

1. Помагаат за регулирање на варењето

Доколку имате дигестивни проблеми, се препорачува вашата дневна ужина да бидат пуканки. Но, имајте на ум дека треба да јадете пуканки кои не се подготвуваат со путер во микробранова печка.

Пуканките што ги правите на класичен начин, во тенџере на шпорет, се далеку поздрави од сите други. Имаат помалку од 100 калории во една порција, а богати се со влакна, кои благотворно делуваат на цревната перисталтика.

За разлика од нив, пуканките кои се купуваат во кеси и се прават во микробранова печка, како и оние кои се служат во кино, имаат многу масти, па можат да бидат штетни дури и за варењето.

2. Го намалуваат стресот

Пуканките се храна која е богата со јаглехидрати. Ова може да го зголеми нивото на серотонин и може да ви помогне да се чувствувате подобро.

Според психолозите, грицкањето пуканки го намалува стресот, а некои дури препорачуваат да ги јадете со кинески стапчиња за да се забавувате и уште повеќе да го елиминирате стресот.

3. Ја зголемуваат можноста за побрзо зачнување

Научниците сугерираат дека гризењето пуканки може да помогне да се зголеми способноста за зачнување, така што кај мажите тоа е директно поврзано со подобрување на протокот на крв низ телото.

Освен тоа, пуканките содржат хранлива состојка наречена аргинин, која добро влијае на плодноста кај двата пола.

4. Влијаат на намалување на ПМС тегобите

Времето пред менструалниот циклус кај многу жени е обележано со раздразливост и чувство на вознемиреност. Добрата вест е дека пуканките може да бидат она што ќе ги отстрани овие непријатни симптоми.

Како што споменавме претходно, грицкањето пуканки влијае на зголемување на серотонин, хормонот на среќата. Пуканките даваат и енергија и заситуваат, па нема да чувствувате глад, што е исто така еден од симптомите на овој период од месецот кај многу жени.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Само 15 минути: 5 причини зошто е доволен и краток тренинг

M T

Кои се придобивките од пиењето кафе: омилениот пијалок на многу луѓе може да го намали ризикот од дијабетес

CENTAR MKD

89 нови лабораториски случаи Ковид 19

M T

СО ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД ДО ЗДРАВЈЕ – Благодарение на овие 7 активности, телото ќе ви биде благодарно, но и паричникот

M T

ВИТАЛЕН ЗА ЗДРАВЈЕТО – Ако ги забележите овие знаци, тогаш на вашето тело му недостасува магнезиум

M T

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

M T