Пиењето повеќе од три шолји кафе дневно е поврзано со подобра еластичност на црниот дроб, покажаа резултатите од големото истражување неодамна објавено во стручното списание Клиникал гастро и хепатолоџи.
Студијата е веројатно најсеопфатниот американски увид во придобивките од консумирањето кафе досега кога станува збор за здравјето на црниот дроб.
Анализата се заснова на податоците од Националното истражување за здравје и исхрана (NHANES), кое побара од испитаниците да одговорат на прашања за нивните навики во исхраната.
Клучно е тоа што, во 2017 година, NHANES вклучи еластографија во студијата, испитувајќи ја еластичноста на црниот дроб на учесниците, но не поради сомневање за можни здравствени проблеми со тој орган, туку како дел од сеопфатна проценка.
„Во секој случај, пациентите со зголемен ризик од заболување на црниот дроб кои моментално консумираат три или повеќе шолји кафе дневно би било мудро да продолжат со оваа практика бидејќи таа количина кафе сепак успева активно да ги намали нивните шанси за развој на посериозни болести. ”