23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Мирко Попов од собирот на СДСМ: Јас сум во постојан конфликт со властите, но го поддржувам Шилегов за градоначалник бидејќи знае и да слуша и да разговара

-Не сум бил на ваков настан и изгледа импресивно, 30 години работам како кулурен уметник, со над 250 изданија од македонски автори, претставник сум на прогесивната и алтернативна култура, бидејќи не сме дел од македонската естрада, го започна својот говор продуцентот и музичар Мирко Попов на трибината на СДСМ „Обединувачки за Скопје“.

-Од позиција на културен работник кој се обидува да опстане 30 години на оваа сцена во земјава, доста често доаѓам во конфликт со власта и сум сведок и учесник на сите власти и многу често сум опозиција бидејќи сум во конфликт со нив, овде сум да разговарам за конфликтот со нашиот градоначалник Петре Шилегов, тој мене и мојот тим не прими, дискутиравме, но добро се разбравме и исходот беше за општо добро, дополни Попов.

Тој посочи дека неговото искуство и неговите интереси се онакви како она со градоначалникот Шилегов, бидејќи и покрај конфликтите добор е да се има разбирање со властите.

-Тој е еден од ретките што има слух и трпение и има доблест да разговара со луѓето кои се на маргините на општеството, а проблемите кои ги имаме се токму поради тоа што културата е ставена настрана, се надевам дека во иднина токму тој како и премиерот Зоран Заев ќе продолжат во таа насока бидејќи културата е тоа што ќе не извлече од калта, појасни Попов.