7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Заедно направивме многу, одберете го најдоброто за вас, за вашата општина и нашата татковина

Заедно направивме многу. Заедно победивме режим. Заедно минавме низ тешки мигови и премрежија. Не беше лесно да се надминат препреките и да се ослободи државата. Но, успеавме, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев во видео обраќање.

„ Си подадовме рака со соседите. Станавме рамноправна членка на НАТО. На зацртан пат кон Европската Унија. Спроведовме и успешен попис, нешто што сите го сметаа за невозможно.

Заедно градиме економски напредна земја во која растат платите, пензиите, социјалната помош, се отвораат нови работни места, со јасен план за подобра македонска и европска иднина.

Северна Македонија е најбезбедна земја во Западен Балкан со најтанспарентна Влада во регионот, тука слободно се говори. Се слуша гласот на граѓаните и грижата за луѓето е на прво место.

Сега, имаме шанса да продолжиме напред, да го оствариме она што сме го зацртале, наместо да се враќаме назад и да се изолираме.

Изберете го најдоброто за вас и за вашето семејство, за вашиот град, за вашата општина, за нашата татковина!“ порача Заев.

Можеби ќе ве интересира

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК