Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На граничниот премин Долно Блаце уапсен албански државјанин баран од германскиот Интерпол

32-годишен државјанин на Албанија бил уапсен кога полицијата увидела дека тој е евидентиран за мерката апсење од германскиот Интерпол.

Имено, вчера, во 22.20 часот, на граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Д. Х. (32) од Република Албанија затоа што, по извршените проверки, било констатирано дека евидира во службената евиденција со мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија.

Лицето им е предадено на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

ДЕСК

УШТЕ ЕДЕН ОПШТ НЕРАБОТЕН ДЕН ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА – Еве кога се празнува и кој ќе одмора

ДЕСК

СДСМ: Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?

ДЕСК