24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бајден: Проширувањето на ЕУ да продолжи и да ја вклучи и Македонија

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден вчера зборувал телефонски со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и нагласил дека процесот на проширување треба да продолжи со земјите од Западен Балкан и да ја вклучи Македонија, објави денеска на својот официјален твитер налог американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

– Бајден и нагласил на Фон дер Лајен дека процесот на проширување треба да продолжи со земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, подвлекувајќи го нејзиното значење за регионалната стабилност, развој и просперитет, стои на твитер налогот на амбасадорката Брнз.

Во соопштението од Белата куќа за разговорот се наведува дека претседателот Бајден, вчера во разговорот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен ја потврдил неговата поддршка за Европската унија, како клучен партнер за Соединетите Држави, и неговата посветеност да продолжи со спроведувањето на резултатите од јунскиот самит САД-ЕУ. Меѓу другото се наведува дека „лидерите разговараа и за Западен Балкан и претседателот Бајден пренесе силна поддршка за продолжување на процесот на пристапување со земјите од овој регион“.