Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Само една искра е доволна: СВР Тетово алармира за опасностите од печки и греалки!

Со почетокот на грејната сезона, значително се зголемува можноста за пожари, пред се како резултат на човечко невнимание, застарени и дотраени електрични инсталации во зградите, неисправни печки и неисчистени оџаци во куќите или станбените згради. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните на максимална внимателност, поточно да не ги оставаат вклучени грејните тела кога подолго време не се дома или во работните простории, а особено не греалки, клима уреди или печки на дрва. Затоа што, потребна е само мала искра за да настане пожар со сериозни материјални и други последици. Ова особено се однесува на станбените згради, каде локализирањето на пожарите е многу потешко, поради недостиг на потребна опрема во многу од нив и отежнатиот пристап до зградите, главно поради градежни или други причини, соопшти СВР Тетово.

На сопствениците и станарите во зградите им се препорачува да ги проверуваат и чистат оџаците, најмалку двапати годишно, но и да не ги преоптоваруваат инсталациите со вклучување на неколку електрични апарати одеднаш. Бидејќи, според член 288 од Кривичниот законик, предизвикување општа опасност, претставува кривично дело за кое е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години, а ако е сторено од небрежност, казната е до три години. Затоа, апелираме до граѓаните да ги почитуваат овие упатства, за да спречат евентуални пожари и со тоа да спречат посериозни последици по нивниот живот и имот, како и животот и имотот на другите.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +