23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Со СДСМ Виница е на сигурно, на 17 октомври гласаме за број 12, за Димитров и советничката листа на СДСМ и Коалицијата

Анкетите на јавното мислење, целото расположение овде во Виница покажува дека на 17 октомври победува СДСМ, победува Ивица Тодоров, порача вчерва претседателот Зоран Заев.

„Во Виница, почитувани граѓани, изминатите 4 години посветивме големо внмание на чиста и здрава животна средина. Исчистени се сите диви депонии во општина Виница.

Со изградбата на регионалната депонија кај село Мечкуевци, Свети Николе, којашто треба да биде завршена до крајот на 2022 година, ќе ставиме крај на дивите депонии во општина Виница. Во тек е доградба на филтер станица за прочистување на питка вода за Виница и водоснабдување на санитарна вода на село Лески.Изградивме во втора фаза, дел од водоводната мрежа во град Виница. Опремивме детска градинка за 100 дечиња. Изградивме спортска сала во основното училиште „Славчо Стојменски“. Во тек е изградбата на кино салата во Виница и во тек е изградбата на 38 социјални станови“ порача Заев.

Претседателот Заев посочи дека СДСМ и на локално и на централно ниво вложува во проекти важни за граѓаните, дека работи одговорно и ги повика граѓаните на 17 октомври да застанат зад концептот на Димитров и СДСМ.

Решаваме инфраструктурни прашања – го унапредуваме квалитетот на живот. Така се работи европски. Тоа е патриотизам на дело. Тоа можат да го сработат само проевропски кадри, определени кон европските вредности, а таков е и Ивица Димитров. Со него, со СДСМ, Виница е на сигурно. Ова се локални избори, пријатели, но од големо значење да се реафирмира определбата на граѓаните да живеат во модерна европска земја со современи европски општини и јас сум убеден дека тоа ќе се случи, еве ја таа силна таа силна енергија на одлучност – во Виница, како што ја гледаме изминатава недела секаде каде што појдовме низ државата. Затоа на 17 октомври да гласаме за број 12, да гласаме за Димитров и советниците до листата на СДСМ и Коалицијата“ порача Заев.