26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за сопственик на фирма поради несреќа во која загинало едно лице

СВР Тетово поднесе кривична пријава против лице од с.Боговиње, тетовско, сопственик на фирма од Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување опасност при градежни работи“.

На 15.02.2021, додека Ј.С.(34) и С.И.(32) од с.Боговиње, заедно со уште три лица, сите вработени во фирмата на пријавениот, изведувале градежни работи на автопатот Тетово – Гостивар, при истовар на гранитни плочи една палета се завртела при што Ј.С. од здобиените повреди починал на местото на настанот, додека С.И. се здобил со тешки телесни повреди.