Centar.mk
РЕГИОН

ПОЛИЦИЈА И МЕТАЛНИ ОГРАДИ ВО ЦЕНТАРОТ НА БЕЛГРАД – Ограничен сообраќајот околу Изборната комисија

Центарот на Белград денеска е под посебен сообраќаен режим поради парламентарните избори. Во близина на седиштето на Републичката изборна комисија се поставени метални огради, а полициски службеници го обезбедуваат поширокиот простор.

Според известувањата од терен, затворени се делови од сообраќајниците кај Теразије, Лондон и улицата „Крал Милан“. Ограничувањата ги опфаќаат и одредени пешачки премини, додека дел од јавниот превоз се движи по изменети маршрути.

Засега нема прецизна информација до кога ќе трае посебниот режим. Ограничувањата се воведени на ден кога во Србија се гласа за нов состав на Народното собрание.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ВО СРБИЈА ЗАПОЧНА ДИПЛОМАТСКА ОФАНЗИВА – Средби со американски претставници пред формирањето на новата власт

ДЕСК

НАД 71 МИЛИОН ЕВРА ЗА ПЕТ ДЕНА – Грција го објави распоредот за исплати од 16 до 20 ноември

ДЕСК

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА БЕЗ ДОГОВОР ЗА НОВА ВЛАСТ – Политичките услови ги отежнуваат преговорите

ДЕСК