За понеделник, 26 октомври, синоптичарите најавуваат променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во претпладневните часови во дел од котлините ќе има услови за магла, а дневните температури ќе достигнат од 15 до 22 Целзиусови степени.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој на одредени места долж Повардарието повремено ќе се засилува над 50 километри на час. Во Скопје се очекува променлива облачност, со утрински услови за магла.
Минималните температури ќе се движат од 4 до 11 степени. Според денешните мерења, во изминатите 24 часа биле регистрирани четири литри дожд на квадратен метар во Гевгелија и еден литар во Претор.


