22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Шахпаска: Продолжуваме со реновирањето на детските градинки

Денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ја посети детската градинка „7 Септември“ во Пехчево. Во градинката реновирани се две занимални, комплетно опремени со нови шкафчиња, маси и столчиња. Реконструирана е оградата на дворот, обновени се бетонските патеки по кои ќе се движат дечињата во градинката, а најмалите ќе си играат на новопоставените меки подлоги и тоа со реквизити кои овозможуваат правилен раст и развој. ​

„Детската градинка во Пехчево во моментов има присутни околу 85 дечиња со коишто работат високо-стручни профили на воспитувачи и негователи. Децата учат преку игра, се социјализираат, ги прифаќаат различностите. Предучилишното образование е важна алка во процесот на разојот на децата. Изминативе 4 години изградени или реновирани се вкупно 60 градинки, а конкретно градинката во Пехчево беше реновирана со средства од блок дотациите во износ од 1.7 милиони денари“, изјави министерката Шахпаска.

Директорката на градинката „7 Септември“ Васка Симовска ја информираше министерката Шахпаска дека во установата се почитуваат мерките за заштита од ковид19 и сите вработени веќе се вакцинирани.

Министерката Шахрапска информираше дека МТСП будно ја следи состојбата со пандемијата во градинките и во таа насока имајќи го фактот дека претходно во градинките не постоеше трансмисија на вирусот меѓу дечињата, таа очекува и овој бран предизвикан од Делта сојот безбедно да биде надминат со цел враќање на нормалното секојдневие.

На неодамнешната средба на министерката со директорите на градинките од целата држава беше констатирано дека почитувањето на Протоколот за превенција и заштита од ширење на вирусот е основниот заштитен механизам за непречено функционирање на детските градинки. На он – лајн средбата меѓу вработените во градинките со доктори епидемиолози беше расчистена и дилемата во врска со имунизацијата.

Можеби ќе ве интересира

Шахпаска: После 40 години, децата од Кавадарци добиваат нова, современа и инклузивна детска градинка, со капацитет од 142 места

M T

Министрите Спасовски и Шахпаска на предновогодишно дружење со децата од Јавната установа за згрижување деца “25 Мај”

M T

Шахпаска: Социо-емоционалниот развој кај децата е клучен за понатамошниот развој на личноста, секој влог во квалитетното предучилишно образование е влог во нашата иднина

M T

Шахпаска: Со регулација на нестaндардните форми на вработување ќе создадеме нови работни места

M T

Шахпаска за Утрински брифинг: Оваа година МТСП имаше висока реализација на капиталните инвестиции, за наредната година обезбедивме двојно повеќе

M T

Средба Шахпаска-Григоријан: УНДП е наш партнер и голем поддржувач, заедно создаваме услови за целосна инклузија и вработување на ранливите категории на граѓани

M T