12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Шилегов: Ќе ги покажам сите документи од кои ќе се види лагата што се креира околу мојата семејна куќа

На денешното отворање на реновираниот објект на скопски Бит-пазар, во одговор на новинарско прашање, градоначалникот Шилегов се осврна на обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со реновирањето на неговата семејна куќа.

-Кога од позиција на градоначалник на Град Скопје за само четири години ќе направите четири булевари, еден мост кој е скоро завршен, втор мост кој е започнат, ќе уредите јавни простори за кои никој не помислил дека би можеле да бидат уредени, ќе внесете нов квалитет, ќе изградите 110 километри велосипедски патеки, ќе изградите капацитет како што е „Лајка“ со цел стратешки, среднорочно, да се реши проблемот со кучињата скитници, ќе ја вратите „Дрисла“ од еден обид за криминална приватизација во сопственост на Градот, во сопственост на граѓаните, многу е логично опозицијата во предизборието, и тоа го напоменав уште во јуни месец, да се обидува да ја дефокусира јавноста со проблеми што не се врзани со претстојните избори, туку се врзани лично со градоначалникот Шилегов. Јас сум 7 години во политиката, се изнаслушав се и сешто за мене, и тоа е претежно стимулирана црна кампања од опозицијата. По однос на ова прашање ќе почекам да видам до каде ќе одат со лажењето на скопската и на македонската јавност и ќе направам еден и само еден прес на кој ќе ги извадам сите документи од кои што во целост ќе се види лагата што се креира околу мојата семејна куќа што е предмет на реконструкција – рече Шилегов.

Тој нагласи дека претстојните избори се за граѓаните, избори на кои граѓаните треба да одлучат во каков град сакаат да живеат.

-Ајде да зборуваме за Скопје. Ова не се избори за СДСМ и за ВМРО – ДПМНЕ, ова не се избори за Шилегов или за госпоѓа Данела Арсовска, или за госпоѓа Ана Петровска или за господин Петар Георгиевски. Ова се избори за граѓаните. Ајде да се договараме во натпревар на идеи, политиката е натпревар на идеи, што е тоа што ние како луѓе кои претендираме да бидеме градоначалници во наредните четири години сакаме да го понудиме на скопјани. Да не се занимаваме со црни пропаганди. Мислам дека на сите ни е преку глава од поделби и од омраза. Навистина мислам дека граѓаните заслужуваат еден спокоен развој и што повеќе вакви објекти да се отвораат, да ги стимулираме инвеститорите – додаде градоначалникот Шилегов.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пијан полицаец заспал на улица и изгубил документи со податоци за 400 луѓе

M T

Видео обраќање на Шилегов: Во недела изберете развој на Скопје, демократска и отворена власт

M T

Шилегов: Паднаа маските, а не мнозинството во советот

M T

Шилегов: Децата не ни се тепаат, ги вративме мирот и стабилноста во Скопје

M T

Републичкото здружение на децата бегалци „Т’га за југ“ со поддршка за Шилегов

M T

Шилегов: Распишан е тендерот за Бас Рапид Tранзит системот

M T