8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Лидија Тасевска: Успешен старт на учебната година со физичко присуство, продолжуваме со грижа за образовниот процес

Прес-конференција на Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ:

Новата учебна година успешно започна со отворени училишта за сите ученици во основното и средното образование.

Над 187.000 основци и 70.000 средношколци, со почитување на сите здравствени протоколи, по една и пол година учење на далечина седнаа во своите клупи.

Нема подобра опција од настава со физичко присуство, затоа апелираме до наставниците, учениците и родителите доследно да се придржуваме до мерките, бидејќи така ќе одржиме континуитет на настава со физичко присуство и истовремено ќе го заштитиме јавното здравје.

Образовниот систем е целосно подготвен, функционираат сите мерки за заштита на здравјето, се почитуваат протоколите за работа со физичко присуство на учениците и наставниците.

Во изминатиот период имаше интензивни подготовки, следејќи ги препораките на надлежните здравствени институции, но и на светските организации како СЗО и УНИЦЕФ. Се изработија протоколи за работа и се преземаа сите други безбедносни мерки од здравствен аспект за да можат училиштата повторно да работат со физичко присуство на учениците и наставниците.

Тоа денеска резултира со успешен старт на учебната година.

Подготвени се уште две резервни сценарија, а дали и кога ќе се применуваат ќе зависи од епидемиолошката состојба за што проценка ќе прави и ќе одлучува Комисијата за заштита од заразни болести.

Почитувани,

Целта на СДСМ и на институциите што ги предводи е квалитетно и современо образование за секое дете.

Затоа продолжуваме континуирано да инвестираме во образовниот систем и во образовниот кадар. Го унапредуваме образованието, за подобро утре за идните генерации.

Можеби ќе ве интересира

Состојба на патиштата утринава

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК