23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска: Со поддршка на Алкалоид отворивме дуална паралелка за фармацевтски техничар во средното медицинско училиште во Скопје

Постојано се зголемува интересот кај бизнис заедницата за вклучување во реализација на концептот на дуално образование во средните стручни училишта кој подразбира повеќе практична обука за учениците и тоа директно на работно место, а помалку изучување теорија во училница. Затоа што, расте свесноста дека на овој начин придонесуваат кон создавањето човечки потенцијал кој и тоа како им е потребен и можат да го искористат со ангажирање во организациските и производствените процеси по дипломирањето. Една од тие компании е Алкалоид и ја посочувам како подобар пример кој треба да се следи.

Ова го истакна министерката за образование и наука за времена на денешната посета на средното медицинско училиште во Скопје „Панче Караѓозов“ каде заедно со премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и Никола Ефтимов, раководител на секторот за човечки ресурси во Алкалоид, присуствуваа на промоција на нова дуална паралелка за фармацевтски техничар во фармацевтска индустрија која е плод на соработката меѓу училиштето и фармацевтската компанија, а поттикната од заложбите на МОН за промоција и проширување на концептот на дуално образование во средните стручни училишта.

„Алкалоид се вклучи во дијалогот кој како министерство го започнавме некаде на почетокот на оваа календарска година заедно со локалните самоуправи, стопанските комори и со бизнис заедницата, кој го нарековме – Учи паметно, работи стручно, а со цел да креираме уписна политика за средно образование која ќе придонесе за намалување на младинската невработеност во државата, преку развој и промоција на дефицитарно образование кое нуди поголеми можности за просперитет“, рече Царовска.

Министерката информираше дека новата дуална паралелка е составена од 23 ученици од трета година и тие ќе учат по посебна програма која им овозможува да одат на практична обука во Алкалоид и за време на образовниот процес да бидат менторирани од стручни наставници и сертифицирани ментори, а за период од две години ќе добиваат паричен надоместок од 3000 денари на месечно ниво од оваа компанија.

Нагласи дека и Министерството за образование и наука доделува стипендии од 3500 денари месечно за сите ученици кои годинава се запишани во дуални паралелки, а како што рече, такви има околу 1400 ученици распределени во 97 паралелки во 44 училишта. За нивната едукација е обезбедена поддршка од 220 компании.

Царовска сподели и информација дека годинава во стручните училишта се запишани речиси 10.700 ученици, што е за 6% повеќе од минатата година и тоа е заеднички успех на МОН, општините, компаниите и училиштата.

Посакувајќи им успешна учебна година на учениците од оваа паралелка и воопшто од средното медицинско училиште во Скопје, Царовска рече дека очекува сигурно остварување на предвидените резултати, затоа што, како што посочи, се работи за докажан квалитетен концепт на едукација кој во поразвиените земји постои и се применува со децении, а воедно и кај нас се покажува како успешен во последните 4-5 години.

„Ги охрабрувам компаниите во Северна Македонија, да го следат примерот на оние кои се веќе вклучени, како што е вклучена и компанијата Алкалоид и од следната учебна година и тие да бидат дел од дуалното образование во државата, бидејќи тоа е заеднички интерес. Да го направиме дуалното образование да биде системски концепт, застапен во сите средни училишта“, потенцираше Царовска.

Можеби ќе ве интересира

МЗШВ: Финасиска поддршка до 29 апликанти за набавка на опрема за производство на тутун

M T

„Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија

M T

Груби: Разговараме со пратеници од опозицијата за поддршка на уставните измени

M T

АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 14 %, раст на консолидираниот извоз од 20 %, со 127 нови вработувања во земјава и инвестиции од 8 милиони евра во периодот јануари – јуни 2022 г.

M T

58-ма Владина седница: Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел ја пренесе поддршката на ЕУ за почеток на преговорите со Северна Македонија; Усвоен дополнет Предлог-Буџет за 2022 година; предложен нов Закон за енергетика усогласен со прописите на ЕУ

M T

СДСМ: Нова поддршка за земјоделството, полесно исплаќање субвенции и 100% зелена нафта за земјоделците

M T