23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Зошто денеска СДСМ ти е „шверцерска“ партија, а до вчера не беше, го прашуваат кумановци Максим Димитриевски

Партијата во која до вчера членуваше, независниот кандидат за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски денеска ја нарече „шверцерска“. Ова следува откако од СДСМ обзнанија дека Димитриевски со потегот да собира потписи за независна кандидатура и свртел грб на СДСМ, по што беше исклучен од партијата, но неговата реакција „наиде на нож“ кај кумановци. Голем број од членовите и симпатизерите од градот-бастион на СДСМ, изразија револт на неговиот фејсбук профил.

„Ти си најголемиот шверцер, го продаде членството на СДСМ… сакаше нешто поголемо во партијата, но си неспособен.“

„Значи и ти си бил дел од таа „шверцерска“?

„Ти си најголемиот шверцер, го продаде членството на СДСМ… сакаше нешто поголемо во партијата, но си неспособен.“

„Статутот е јасен. Што бараш повеќе од СДСМ? Ти одлучи сам да си независен. Оди сега сам.“, гласат дел од реакциите на кумановци.

Откако Димитриевски соопшти дека ќе настапи на локалните избори како независен кандидат, од СДСМ истакнаа дека тој е исклучен од партијата и додадоа дека со таквата изјава токму тој ѝ свртел грб на партијата, а ваквиот став наиде на поддршка кај симпатизерите.

„Не вреѓај, те издигна СДСМ, самиот си крив па сега пресови… Доста ти беше има и други поспособни од тебе“

„Аман Максо, очекував да ни кажеш колку те платија вмровците за да глумиш независен во лудило, кого навредуваш човече?“, додаваат кумановци на објавата на Димитриевски.

„Автогол Максим. Твојава работа се вика автогол, подобро да си молчиш, со секоја твоја изјава тонеш во жив песок“, е еден од коментарите на фејсбук профилот на Димитриевски.

Од СДСМ уверуваат дека Куманово останува нивен бастион и за градоначалник го кандидираа Оливер Илиевски.