Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: СДСМ се грижи за здравствените работници, ВМРО-ДПМНЕ ги нарекува ,,убијци”

Соопштение на СДСМ:

СДСМ со самото доаѓање на власт постојано покажува и докажува дека вистински се грижи за здравствените работници.

Како одговорна партија останавме доследни на своите ветувања да го вратиме достоинството на здравствените работници.

За четири години, со континуирано покачување ја зголемивме основната плата на лекарите специјалисти за 40 отсто, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 проценти. На општите лекари за 25 отсто, а на здравствените работници за 15 отсто.

Очигледна е разликата помеѓу одговорниот однос на СДСМ кон здравството и неодговорното и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека сите се насочени во борбата против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе останат запаметени дека наместо на страната на јавното здравје, беа на страната на вирусот.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски поддржуваше протести на кои здравствените работници беа наречени ,,убијци”.

Токму поради ваквото нечесно, несериозно однесување кое претставува опасност по јавното здравје, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат казнети од граѓаните на 17 октомври.

Можеби ќе ве интересира

НЕБОТО ЌЕ СЕ РАЗЛУТИ ВО ПЕТОК: Се очекуваат поинтензивни процеси и пад на температурите

ДЕСК

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

ДЕСК

Нови шест автопатски проекти кои носат инвестиции, работни места и економски раст, најави Мицкоски

ДЕСК