Големиот пожар во Старо Нагоричане ја зеде првата жртва, тврдат очевидци за ТВ 24.
Како што сведочат тие, жена обидувајќи се да се засолни од огнот се заклучила во куќа и не успеала да се извлече пред пламените јазици.
Полицијата не може да го потврди ова сѐ додека не го најде телото. Моментално, тие немаат пристап до куќата поради пожарот кој што сѐ уште беснее.