Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

5 години од поплавите кај Стајковци – Затаија ли тогашните власти во непогодата во која загинаа 22 лица?

Скопје задутре одбележува пет години од невремето што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица. Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Загинатите во невремето беа во реоните на селата Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново.

Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнале 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.

Невремето и поројот од вода предизвика пад на дрвја, а домовите останаа без електрична енергија. Околу илјада граѓани беа евакуирани во текот на ноќта на 6 август.

Граѓаните од целата држава координирани од Црвениот крст, Кризниот штаб и надлежните институции во наредните денови се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите. 8 август 2016 беше прогласен за Ден на жалост во Република Македонија.

Управата за хидрометеоролошки работи во извештаите по невремето информираше дека на Зајчев рид – главната метеоролошка станица во Скопје, бил забележан рекорден интензитет за петчасовни врнежи од 84,5 милиметри.

– Своевиден метеоролошки феномен кој опстојувал неколку часа со континуирано регенерирање и формирање олујни жаришта, иако според патеката на движење прогнозата покажувала дека треба да помине во краток рок. Рекордниот интензитет на невремето што ја зафати Скопската котлина е со веројатност на појавување од 0,1 отсто или еднаш во илјада години. Вака УХМР го објасни тогаш невремето што ја погоди Скопската котлина.

Првите денови од август и годинава почнаа со непогоди, овојпат пожари кои го зафатија цел Балкан, ниту Македонија не беше поштедена, но за среќа досега нема човечки жртви и има само материјална штета. Како интересен момент е што овој пат опозицијата (ВМРО ДПМНЕ) која за време на поплавите во Стајковци беше власт на која пред очи и се случи големата катастрофа во која имаше невиден број на мртви во поновата македонска историја, денес ја обвинува власта за пожарите кои исто така се непогода.

И после пет години останува отворено прашањето дали тогашните власти затаија и дали можеше да се избегне катастрофата од Стајковци во која загинаа 22 лица.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од денешното ВМРО

C +