22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МОН: Опозицијата го блокира Законот со кој на наставниците континуирано ќе им растат платите

Пратениците повеќе од три месеци не ги гласаат законските измени со кои на наставниците и стручните соработници им се обезбедува континуиран раст на платите и подобар статус. Во законот кој го блокираат пратениците од опозицијата стои клаузула со која правно се заштитува понатамошно девалвирање на платата на наставникот, односно за првпат платата на наставниот кадар се усогласува со минимална плата. Како ќе расте минималната плата, така ќе растат и платите на наставниците.

Потсетуваме дека со истите законски измени се уредува и сите нови вработувања во училиштата да бидат директно на неопределено време, наместо како досега да се чекаат две години за отпочнување на процес на трансформација. Воедно и сите 4.700 наставници и стручни соработници, кои во моментот се ангажирани на определено време, со стапувањето во сила на законските измени ќе добијат решение за трајно вработување, доколку ги исполнуваат предвидените законски услови.

Законското решение овозможува професионален и кариерен развој за вработените во училиштата, како и следење и оценување на работата уште од првиот ден на стапувањето во редовен работен однос.

Воедно, за прв пат законски се дефинираат компонентите на платата на наставниците и стручните соработници, со што се овозможува исплата на додатоците на плата за претходно стекнатите педагошки звања како резултат на успешност во работењето, додатокот за одделенско, односно класно раководство, за работа во комбинирана паралелка и за работа во ридско-планинско подрачје, за кои во минатото имаше реакции дека не се исплаќаат од страна на училиштата.

Законот, кој е блокиран во Собранието, предвидува и исплата на целосна плата за неполн неделен фонд на часови на наставниците кои ќе реализираат воспитно-образовна работа според наставен план и програми донесени согласно Концепцијата за основно образование и воспитание, доколку имаат минимум 10 наставни часови во неделата.

Наставниците и стручните соработници се најважната алка во реализацијата на воспитно-образовниот процес и затоа апелираме до членовите на Комисијата кои поради партиски директиви ја опструираат работата на ова тело, само заради собирање на ситни, дневно-политички поени, но и само поради тоа што токму тие не се предлагачи на овие позитивни промени, конечно да ги надминат партиските интереси и да ја започнат дискусијата за законското решение, како би дале придонес кон формулирање на неговата најдобра верзија.

Дополнително, МОН уште во октомври лани ги потсети општините и училиштата дека имаат законска обврска, на наставниците кои работат повеќе од полното работно време да им исплатат надоместок за прекувремена работа, за што се обезбедени и блок дотации.

Можеби ќе ве интересира

Митрески: Aнтифашизмот мора да важи и за политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ да не молчи за законот од СДСМ

M T

Тренчевска за МРТ: Предлог Законот за финансиска поддршка влезе во собраниска процедура, верувам дека пратениците ќе го подржат

M T

Колева: Платите на наставниците за пет години ги зголемивме за 36 отсто

M T

СДСМ: Ги зголемивме платите на наставниците за 36 отсто, ВМРО-ДПМНЕ само 4 отсто

M T

Ангеловска-Бежоска и Бесими: Системскиот Закон за платежни услуги и платни системи стапува во сила на почетокот на следната година

M T

Талески: Усвоен Законот за служба во Армијата, подобри услови за работа и пензионирање на војниците

M T