„Во денешната глобална криза на либерална демократија, каде се бараат начини како општеството да биде повеќе заедно, мислам дека моделот што го гради Охридскиот договор прави еден модел на решавање на многу проблеми“ кажа вицепремиерот Никола Димитров на тематската седница на Владата посветена на 20 годишнината од Охридскиот рамковен договор.
Тој додаде дека овој модел не е доволно познат во светски рамки, поради тоа што Северна Македонија не е голема земја, освен на ниво на политички елити.
Вицепремиерот Димитров на седницата се осврна и на улогата која претседателот Борис Трајковски во 2001 ја одиграл за потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
„Од оваа историска перспектива 20 години подоцна, ова се чини единствено исправно, меѓутоа, во тој период не беа многу луѓето што тоа го видоа. Во услови кога многумина ја туркаа работата во погрешен правец повеќе кон поделба, претседателот Борис Трајковски имаше лидерство и застана на вистинската страна на историја што овозможи нашата Македонија, денес Северна Македонија да се гради вака како што се гради“ кажа Димитров.