26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ со лоша копија на програмата на СДСМ

Најавата на Мицкоски дека парите ќе завршувале кај граѓаните е копија на еден од најуспешните проекти на Владата на СДСМ кој се спроведува уште од 2016 година – парите назад кај граѓаните. Проектот на СДСМ е успешно ги пренасочи парите на граѓаните, наместо да завршуваат во џебовите на најблиските функционери до Груевски, во криминални споменици, бели палати и Белизе, тие да се враќаат кај тие на кој им е најпотребно.

„Христијан Мицкоски загубен во своите деструкции и блокади, немајќи ништо друго да им понуди на граѓаните, реши да копира концепти и политики од СДСМ. Неговото ‘Македонија за сите луѓе’ е бледа копија на ‘Живот за сите’, исто како и концептот ‘Парите кај граѓаните’. ВМРО-ДПМНЕ е партија која знае само да граба од граѓаните, да ги краде парите и да ги троши на непродуктивни и криминални проекти. Не може партија која 11 години земаше од граѓаните денеска да вели дека ќе ги враќа парите назад кај граѓаните“ кажа портпалот на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, Костадин Костадинов.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ беше против укинувањето на радиодифузната такса, како и против воведувањето на дневната евтина тарифа за струјата. ВМРО-ДПМНЕ се противеше и на проекто МојДДВ.

Само преку овој проект, Владата успеа да врати преку 36 милиони евра назад кај околу 400 илјади граѓани. Со тоа, освен што со парите директно се помага семејниот буџет, истовремено се води и битка против сивата економија. Тоа од друга страна овозможи раст на платите дури и во време на криза предизвикана од пандемијата на КОВИД-19.

Додека ВМРО-ДПМНЕ знае само да краде од парите на граѓаните, за што сведочат низата судски процеси за злоупотреби токму на државниот Буџет, во последните 4 години растат платите на сите граѓани.

Минималната плата од помалку од 9 илјади денари, во овие четири години се искачи на 15 илјади и 200 денари. Растот на минималната плата, пропратено со економскиот раст, доведе до раст на платите во сите сектори и значителен раст на просечната плата. Во четирите години откако СДСМ ја презеде власта, просечната плата порасна за преку 5.700 денари и сега изнесува над 28.400 денари. За споредба, просечната плата од 2011 до 2017 порасна само 2.153 денари.

Актуелната власт во овие четири години покажа дека се грижи за сите граѓани, па ја покачи социјалната помош за 300 проценти, а го реши егистенцијалното прашање и за 13 илјади стечајци.

Додека за време на пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ ги делеше лекарите на наши и ваши и ги блокираше мерките за помош на погодените од кризата предизвикана од пандемијата, Владата со шест пакети мерки ги помогна граѓаните и бизнисите.

Шесте пакети мерки за справување со кризата предизвикана од пандемијата беа со вредност од преку 1,6 милијарди евра, пари кои помогнаа да се спасат работните места и бизнисите. Само со четвртиот пакет економски мерки со 470 милиони евра се обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, закрепнување на одредени дејности, стабилност на социјалните трансфери и поттик на јавната потрошувачка.

Преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, со 79,5 милиони евра поддржани се околу 120.000 вработени граѓани и околу 20.000 компании, а финансиска поддршка добија и близу 6.000 самостојни вршители на дејности. Со мерката „Купувам домашно“ околу 309 илјади граѓани добија 26,8 милиони евра за купување македонски производи, со што се помогнаа македонските компании и производители.

За поддршка на најпогодениот сектор, туризам и угостителство и за поддршка на граѓаните да искористат летен годишен одмор, преку мерката „Дома си е дома“, доделени се ваучери за туризам на 117.000 граѓани во висина од 12 милиони евра, како директна помоош.

Од друга страна, функционерите околу Мицкоски кои за време на режимот на Груевски беа министри, пратеници, директори секогаш биле на спротивната страна на правдата, богатејќи се на криминален начин на грбот на граѓаните.Владата на СДСМ преку неколку проекти успеа голем дел од парите кои претходно непотребно се трошеа на непродуктивни трошоци, да ги врати назад во џебовите на граѓаните.

„Граѓаните гледаат кој враќа пари назад а кој граба и краде за да поставува споменици, палми и лажен барок за милионски провизии. Таа разлика граѓаните ќе ја потврдат на претстојните избори кога ќе одберат со СДСМ да продолжи развојот и напредокот и уште еднаш ќе ги поразат криминалните и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“ заклучи Костадинов