13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се противеа на зголемувањата на плати и пензии, на проектот Мој ДДВ, а денеска лажат дека ќе враќале пари кај граѓаните

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ е партија која знае само да граба од граѓаните, да ги краде парите и да ги троши на непродуктивни и криминални проекти.

Оваа партија предводена од Христијан Мицкоски која денеска лаже дека ќе враќа пари кај граѓани, се противеше на секоја мерка што обезбедува повеќе пари во семејствата.

ВМРО-ДПМНЕ се противеше на зголемување на минималната плата која денеска е за над 6.000 денари повисока, се противеше на зголемувањето на пензиите кои во просек се зголемени за 2.000 денари за овие четири години.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа против воведување на евтина дневна тарифа на струјата која токму тие ја укинаа, беа против проектот Мој ДДВ со кој за две години се вратија 36 милиони евра кај 400.000 граѓани.

Ако Мицкоски навистина е за враќање пари, воопшто нека не чека, нека почне во сопствената партија, преку враќање на парите што Груевски ги земал од членарините за да купува плацови на Водно.

ВМРО-ДПМНЕ веднаш да ги врати милионите за кои се обвинети функционери на партијата и за кои дел веќе има пресуди. Мицкоски веднаш со Груевски да ги врати од Белизе парите кај граѓаните.

Граѓаните гледаат и прават разлика кој враќа пари назад а кој грабаше и крадеше од нив за сопствено богатење.

Таа разлика граѓаните ќе ја потврдат на претстојните избори кога ќе одберат да продолжи развојот и напредокот со СДСМ и уште еднаш ќе ги поразат криминалните и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

Каевски: Мицкоски нека размисли уште еднаш, струјата од хидроцентралите да им се даде на граѓаните

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T