Причина за загриженост има кога вашата потрошувачка на алкохол почнува да влијае на оние околу вас. Особено ако пријателите и семејството посочат дека тоа им пречи и дека почнува да создава проблеми во вашата врска
Психологот Тара Хустер, која се занимава со алкохолизам, откри знаци кои укажуваат на нездрава врска со алкохолот. Имено, не мора да пиете „шотови“ секоја вечер за вашето пиење да стане загрижувачко, некои знаци на почетокот изгледаат сосема безопасни.
1. Пиете без размислување
Тара вели дека првиот знак за предупредување дека имате проблем со алкохолот е ако „пиете несвесно“ и не уживате во секоја голтка. Значи, ако несвесно отворите пиво без претходно да размислите за тоа, можеби е време да се преиспитате.
2. Користите различни изговори
Тара тврди дека може да биде загрижувачко доколку имате чувство дека другите ви забрануваат пијалок.
– Ако некој ви каже дека можете да престанете да пиете, а вие помислувате како: „Не е фер“ или „роденден ви е“ или „петок е“, тогаш тоа може да биде причина за загриженост – објасни таа.
3. Влијаете врз другите
Друга причина за загриженост е ако пиењето започне да влијае на оние околу вас. Ако пријателите и семејството истакнат дека пиењето им пречи и почнува да создава проблеми во вашата врска, веројатно ќе мора да намалите.
4. Не можете да се држите до границата
Според Тара, повеќе од десет пијалоци неделно се сметаат за загрижувачки, а ако пиете повеќе од четири на ден, многу сте блиску да станете алкохоличар.
5. Користите алкохол за да се справите со проблемите
Многумина од нас уживаат во чаша вино кога сакаат да се релаксираат, но Тара вели дека постои тенка граница помеѓу користењето пијалоци за справување со чувствата и проблемите.
– Алкохолот е класифициран како седатив, што значи дека телото е опуштено поради тоа, бидејќи ослободува притисок во мускулите, па затоа постои перцепција на релаксација. Но, реалноста е дека вознемиреноста се засилува со конзумирање алкохол, бидејќи телото работи напорно за да ги отстрани токсините од крвотокот – објаснува психологот.
На тој начин, на долг рок, вашиот омилен пијалок може сериозно да влијае на вашето ментално здравје, а не да му помогне.