4. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Гоце Георгиевски: Рекордна исплата на финансиската поддршка за земјоделството и руралниот развој, грижата за земјоделците продолжува

Прес-конференција на Гоце Георгиевски, Претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ:

СДСМ како одговорна партија, останува целосно посветена на навремена, конкретна помош и поддршка за земјоделството како клучна стопанска гранка во нашата држава.

И во период на светска криза и пандемија продолжуваат развојните инвестиции во земјоделството.

Од почетокот на оваа година исплатени се речиси 4,4 милијарди денари или над 71,5 милиони евра финансиска поддршка на земјоделците.

Преку програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година досега на земјоделците им се исплатени над ‪3.6 милијарди денари, или над 58 милиони евра, а над 730 милиони денари или речиси 12 милиони евра се исплатени преку програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

Ова е рекордна исплата, каква што не е забележана откако постојат програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Исплатата е извршена кон сите, без калкулации, без списоци и без уцени кон земјоделците, како што беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Остануваат да се доисплатат остатокот од субвенции за сточарите кои во моментов се жртви на ситни партиски интереси на опозицијата.

Кочењето на ребалансот на буџетот ги одолговлекува проектираните исплати за субвенции, за инфраструктурни проекти и за проекти кои се од витално значење за производството на храна.

ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција останува синоним за нечесен однос кон земјоделците.

Владата предводена од СДСМ ги зголеми субвенциите, кои се исплаќаат редовно, навремено и неселективно, а трудот на земјоделците се цени и вреднува.

Продолжуваме со инвестиции во аграрот, со кои се унапредува земјоделското производство, се зголемува неговата конкурентност и се олеснуваат условите за работа на земјоделците.

Можеби ќе ве интересира

Тренчевска за МРТ: Предлог Законот за финансиска поддршка влезе во собраниска процедура, верувам дека пратениците ќе го подржат

M T

1.3 милијарди денари финансиска поддршка за 17.000 тутунари – МЗШВ целосно ги исплати субвенциите за тутун

M T

МТСП: Во понеделник почнува исплатата на мајските пензии, со дополнителни 1000 денари финансиска поддршка

M T

МТСП: Утре започнува етапната исплата на мартовски пензии, со дополнителни 1000 денари финансиска поддршка

M T

СДСМ: Обезбедени се 130 милиони евра за финансиска поддршка за граѓаните и компаниите, грижата продолжува

M T

СДСМ: Кој и по кој основ му платил на Георгиевски за озвучувањето за новогодишната ноќ, Арсовска должи одговори

M T