Луѓето кои знаат да штедат, обично ја учат оваа навика како деца. Кој ќе започне да штеди порано во животот, особено за „црните денови“, ќе има корист од тоа подоцна, посочуваат финансиските планери Џенет Станзак и Кристин Гарет.
Ја знаат разликата помеѓу потребите и желбите
Една од најголемите лаги што денес ни ги продаваат е дека нашите потреби се всушност наши желби. Имавме многу клиенти кои ни кажуваа дека патувањето, новата облека и вечерите во рестораните се нивна потреба. Но, тие навистина не се. Добрите штедачи запишуваат што навистина им треба, што сакаат и нивните големи желби. Овие мали разлики ќе ви помогнат да заштедите по малку секој ден – истакнува ова дуо за планирање.
Налози за плаќање
Да, тие ви го олеснуваат животот, но со нив немате добар преглед на тоа колку навистина трошите и имате, истакнува Герет. Само-плаќање, без разлика дали е преку Интернет или во банка, го активира вашиот мозок и ве тера да ги запомните тие информации.
Имаат буџет
Добрите штедачи имаат табели што редовно ги пополнуваат и точно знаат што и колку трошат. Првиот знак дека некој има проблеми со пари е кога не знае кој е неговиот месечен проток на готовина. Не можете да заштедите ако не знаете колку пари всушност имате, вели Станзак.
Добрите штедачи користат хартиени пари
Ова правило не важи за секого, но истражувањата покажаа дека кога користиме картичка трошиме и до 20 проценти повеќе затоа што е помалку „болна“, објасни Станзак.
Заштедата им станала приоритет
Можеби звучи премногу едноставно, но така е. Луѓето кои решиле да заштедат, тоа го ставаат на врвот на своите приоритети.
Ја следат потрошувачката на најмалите работи
Многу често трошиме најмногу на мали, евтини работи. На крајот на месецот, тие ни одземаат многу од сметките, а ние сепак сметаме дека се ситници. Запишете ги и нив, како кафе, гума за џвакање и слично.
Ги следат акциите
Ако сакате да заштедите пари, следете ги промоциите и попустите. Огромното мнозинство на артикли чини и до неколку пати помалку од продажната цена во секој случај и затоа не треба да бидете премногу горди и да ги пропуштате ваквите можности. Тие заработуваат пари на вас, па зошто да не биде и обратно.
Користат „бесплатни пари“
Се работи за попусти од вашата компанија, хотелски поени и слично кои повеќето луѓе никогаш не ги искористуваат во своите животи. Не отфрлајте такви понуди.
Имаат заштеда од три до шест месеци
Само еден голем настан може целосно да ве извади од колосек доколку не заштедите. Неисправност на некои поголеми апарати за домаќинство како што се машина за перење или шпорет, ненадејна болест, несреќи и сл. може да доведе до финансиска загуба. Герет и Станзак истакнуваат дека секој треба да има најмалку три до шест месеци заштеда за основни трошоци како што се заеми, комунали и храна.
„Морам да се почестам“
Многу луѓе мислат на некој начин дека треба да си дозволат нешто затоа што работат напорно. Но, ако немате пари за тоа, тогаш не треба да купувате колку и да работите и колку и да чувствувате дека заслужувате.
Започнете со мал износ
Ако штотуку почнувате да штедите, започнете со мал износ затоа што е полесно да се прилагодите на помала промена. Зголемете го износот со текот на времето.
Олеснете си ја заштедата
Автоматизирајте го преносот на средства на друга сметка што ќе ја користите за заштеда. Најлесен начин да го направите ова е преку постојан налог. Веднаш штом ќе пристигне вашата плата, префрлете износ на друга сметка. На тој начин нема да размислувате за тоа, ќе го решите безболно и ќе заштедите.