22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев во Атина-ќе биде потпишан Договор за интерконекција за пренос на природен гас

Премиерот Зоран Заев денеска според најавите од владините служби ќе учествува на панел дискусија во рамките на конференцијата на „Економист“ – 25 Тркалезна маса со Владата на Грција на тема: „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“.

Денеска, како што соопштија од кабинетот на Заев, ќе биде потпишан и Договорот помеѓу Владите на Република Северна Македонија и на Република Грција за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција-Северна Македонија.

Средбите кои ќе се реализираат во фокус ја имаат економијата и енергетиката.

На економскиот форум во Атина, присутни се и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

Економската соработка меѓу двете земји по потпишување на Договорот од Преспа се зацврстува и интензивира, е истакнато во владиното соопштение.

Инаку премиерот Заев присуствуваше и на свечената гала вечера на конференцијата на „Економист“ во Атина, на која се обрати премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис.

На гала вечерата присуствуваа министерот за внатрешни работи на Грција, Макис Воридис, министерот за туризам, Харис Теохарис, поранешниот претседател на Европскиот Парламент Мартин Шулц, поранешната претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, поранешниот француски премиер, Доминк Де Вилпен, амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат, како и бројни дипломати, бизнисмени, стопанственици.

Можеби ќе ве интересира

Петровска потпиша Договорот за соработка со Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор

M T

Зоран Заев: Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата

M T

Маричиќ во „Топ Тема“: Фронтекс договорот ќе биде потпишан на македонски јазик без никакви додавки

M T

Овие хороскопски знаци секогаш доцнат и ги прекршуваат договорите

M T

Премиерот Ковачевски ќе се обрати на настан по повод потпишување на договори за изградба на пруга, прва и втора фаза на Коридор 8 и реконструкција на пруга на Коридор 10

M T

Француски функционер: Договор за ембарго на руската нафта е можен во текот на неделата

M T